Марко Верати официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Ал-Духаил, потврдија од клубот. Поранешниот играч за врска на ПСЖ минатите две години ги мина во друг катарски тим, Ал-Араби, но по истекот на договорот реши да направи промена и да се пресели во ривалскиот клуб.
Деталите околу должината на договорот на 32-годишниот Италијанец со Ал-Духаил не се обелоденети.
Во последното катарско првенство, Ал-Духаил ја заврши сезоната на второто место, додека Ал-Араби заврши дури на деветтата позиција.