Италијанскиот интернационалец, Марко Верати, налето се враќа во Европа, откако оваа сезона ја мина во екипата на Ал-Араби од Катар. Тој минатото лето беше продаден од ПСЖ за 45 милиони евра, но се чини дека Блискиот Исток и не му се допадна баш.
Во Катар одигра само 16 натпревари и не успеа да постигне ниту еден гол, но забележа седум асистенции. Според шпанските медиуми, неговиот агент веќе преговара со Барселона за негов трансфер, бидејќи „каталонците“ биле загреани да го ангажираат 31-годишниот фудбалер во своите редови.
Неговата моментална вредност според Трансфермаркет е 25 милиони евра, а има договор до летото 2025-та година, па се очекува дека катарците ќе бараат и соодветно обесштетување за да го ослободат од обврските.