Марокански медиум откри исламски радикал кај фудбалските херои на нацијата, сега се соочува со тужба (Фото)

Закарија Абуклал одигра одличен турнир за Мароко на Мундијалот во Катар, постигна и еден гол, против Белгија во победата од 2:0, но се најде и во непријатна ситуација.

Мароканскиот портал „Ахкајен“ го обвини дека е салафист, односно припадник на тврдото исламско крило што се повеќе зема замав.

Членовите на ова движење во исламската религија се сметаат за исламски радикали.

„Абуклал е салафист инфилтритан во репрезентацијата на Мароко“, беше насловот на порталот.

Новинарите пишуваа дека Закарија има за цел да привлече што повеќе навивачи на Мароко кон Салафизмот.

„Тоа е голама лага и ќе поднесеме тужба против медиумот што објави ваква невистина“ одговорија од мароканската фудбалска федерација.

Тие сметаат дека сака да се фрли црна дамка на успехот на Мароко, селекција која го заврши Мундијалот на четвртото место што е историски успех и за нив и за Африка.

Абуклал е еден од многуте марокански репрезентативци што е роден надвор од земјата.

Има 22 години и е роден во Гронинген, а дури и играше за младинските категории на Холандија, но потоа одлучи како сениор да настапува за Мароко.

 

 

- Оглас -

Најнови вести