1.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Мароканците бараа да се смени судијата, новиот арбитар направи три големи грешки во нивна корист (Видео)

Фудбалската репрезентација на Мароко се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако со 2:0 славеше против Камерун, но мечот останува во сенка на лошото судење на арбитарот Беида Дахан од Мауританија.

Дахан воопшто не требаше да го суди овој меч меѓу Мароко и Камерун, затоа што Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) го делегираше египетскиот арбитар Амин Омар. Сепак, на таа одлука реагирале Мароканците и побарале да биде сменет судијата.

Од ЦАФ прифатиле да го сменат судијата и задачата му ја доверија на Дахан, кој во четвртфиналето направи три големи грешки и сите три во корист на Мароко.

Првата ситуација е во 64 минута кога при резултат 1:0 за Мароко, на домашниот фудбалер не му беше покажан втор жолт картон кога беше сопрен нападот на противникот.

Само пет минути подоцна не беше досуден пенал за Камерун кога Масина го удри по ногата камерунскиот напаѓач Мбеумо, но тоа не беше доволно за најстрога казна.

„Тоа беше чист пенал, целиот свет виде дека беше фаул“, реагираше Мбуемо по мечот.

Третата ситуација беше во 82 минута кога повторно Масина беше во фокусот затоа што со лакт го удри во главата Карл Ето Ејонг, но судијата повторно не реагираше.

- Оглас -

Најнови вести