Аркадјуш Милик ќе биде новото големо засилување за Олимпик Марсеј, а најавено е дека денеска ќе пристигне од Неапол на медицински прегледи.
Полјакот беше во немилост кај тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, и долг период не игра во Серија А, па се одлучи да ја смени средината.
Најавено е дека договорот меѓу најтрофејниот француски клуб со 10 титули и Наполи е веќе завршена работа, па Милик ќе игра во Лига 1 во Франција.
Марсеј само со 26 постигнати голови на 19 меча го има најслабиот напад од шестте главни кандидати за шампионската круна во Франција.
Милик доби и ултиматум од Полската фудбалска федерација што поскоро да најде клуб ако сака да игра на европското првенство за својата репрезентација летово од 11 јуни до 11 јули.