Марсело даде гол, па утна клучен пенал за пораз на Реал од Рома

Марсело погоди во 16-тата минута од регуларниот дел за Реал Мадрид против Рома на пријателски дуел во Рим, но на крајот беше трагичар со утнат клучен пенал.

Бразилецот не беше прецизен во последната пенал-серија и Рома славеше на пенали во мечот што беше пријателски. Сите останати играчи на Рома и на Реал Мадрид беа прецизни од белата точка.

Регуларниот дел мечот заврши нерешено, 2:2, а сите четири гола беа постигнати во првиот дел. Марсело и Каземиро на двапати му носеа предност на гостинот, а Пероти и Џеко го израмнуваа резултатот.

- Оглас -

Најнови вести