Марсело го повредил вратот, Реал без седуммина против ПСЖ

Бразилскиот лев бек Марсело нема да игра на гостувањето од Лигата на шампионите кај ПСЖ, па во првиот тим на Реал стартер ќе биде Ферлан Менди, кој е навикнат да игра против ПСЖ бидејќи до минатата сезона го носеше дресот на Лион. Марсело на дуелот со Леванте го повредил вратот и нема да може да игра, а засега не се знае дали ќе може да настапи на лигашкото гостување кај Севилја во претстојниот викенд.

Со ова, листата на отсутни кај Реал за мечот в среда во Париз се зголеми на седуммина. Во аут се и повредените Иско, Модриќ, Валверде и Асенсио, како и суспендираните Рамос и Начо.

- Оглас -

Најнови вести