Марсело Сараки постигна деби гол за Галатасарј што ќе го памети уште долго, а волејот што го упати од далечина беше извонреден.
Уругваецот не размилсуваше воопшто, топката одлично му легна и голманот на Гезтепе, Бето беше немоќен да спречи предност на Галатасарај од 1:0.
Левиот бек пристигна во Галата како позајмен фудбалер од Лајпциг, а има само 22 години. Уругвајците велат дека е голем талент, а му дадоа шанса и да игра четири меча за сениорската репрезентација на двократниот светски првак.
Галатасарај го победи Гезтепе со 3:1 и ги задржа шансите за настап во Европа Лигата.