Португалија без многу проблеми ја победи Романија со 40:34 и покажа дека е еден од фаворитите за висок пласман на Европското првенство. Главни адути на Португалците се браќата Мартим и Франциско Кошта.
Франциско постигна девет голови, а Мартим реализираше седум пати во победата над Романија и сигурно ќе бидат најголема опасност и на утрешната пресметка против Македонија.
„Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот против Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе мораме да бидеме многу добри ако сакаме победа над нив. Секако, ние сме фаворити на тој натпревар и имаме доволно квалитет за да победиме, но ќе мораме да бидеме многу сериозни затоа што Македонија е навистина добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар, потежок отколку натпреварот со Романија. Македонија има повеќе добри играчи и играат поразновидно“, ни изјави Кошта.

