Бразилскиот репрезентативец Габриел Мартинели потпиша нов долгогодишен договор со лидерот во Премиер лигата, Арсенал, соопшти денеска тимот од Лондон.
Мартинели од 2019 година го носи дресот на Арсенал и досега одигра 111 натпревари. Минатата сезона, Бразилецот одигра 36 натпревари за Топчиите, додека сезонава настапи на 27 натпревари и постигна седум гола.
„Сакам сè што е поврзано со Арсенал. Сакав да останам, навивачите на Арсенал направија да се чувствувам како дел од нив. Не можам да се замислам на друго место“, изјави Мартинели.