Мартинес: Ова беше голем доказ за победничкиот карактер на Португалија

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, беше задоволен од своите фудбалери по победата со 1-2 над Германија на „Алианц арена“ во Минхен. Двете селекции се соочија во полуфиналето на Лигата на нации, а Морепловците успеаја да направат пресврт, иако губеа.


Според него, токму тоа ја покажало силата на карактерот на неговите играчи.

„Германија е тим кој секогаш создава притисок, особено кога игра дома. Но во овој случај, поважен беше психолошкиот аспект. Да дојдеме во Германија, далеку од дома, пред полн стадион и знаејќи дека последната победа против овој противник беше пред 25 години – тоа беше вистински тест за нашиот карактер. И притоа да примиме гол. Така што навистина покажавме карактер. Горд сум на играчите. Претходно зборував за психолошкиот аспект, но и тактички одигравме одлично. Работата што ја правиме последниве две и пол години нè направи силен тим“, рече Мартинес.

Селекторот на Португалија ги пофали и фудбалерите кои влегоа од клупата и направија голема промена во играта.

„Знаевме дека Германија традиционално започнува силно. За нас беше важно добро да стартуваме, но уште поважно беше да завршиме уште подобро. И не мислам само психолошки. Мислам дека Чико Консеисао и Нелсон Семедо ни донесоа дополнителна енергија. Витиња пак, имаше шанса да го контролира натпреварот со поголем посед. Со таа контрола и енергија успеавме да го свртиме резултатот и покажавме колку напредувавме по Европското првенство. Сега имаме поширок состав и секој може да донесе нешто различно. Се виде дека можеме дури и повеќе од тоа што го покажавме. Тоа ме прави горд. Горд сум на играчите, на нивниот пристап, фокус и напорната работа што ја покажаа на теренот“, додаде Белгиецот на клупата на Португалија.

- Оглас -

Најнови вести