Лацио ја оствари 11-та победа оваа сезона во Серија А откако славеше на гости кај Лече со 1-2. Гостите имаа човек повеќе цело полувреме поради исклучувањето на Гилбет во 45-та минута, по што Кастељанос реализираше и пенал за водство.
Лече израмни со голот на Тете Моренте во 50-та минута, но Лацио сепак дојде до триумф и три бода во завршницата од мечот.
CHE GOL DI ADAM MARUŠIĆ!!!
— Football Report (@FootballReprt) December 21, 2024
📽️ @GoalsXtrapic.twitter.com/rFmMLo3Z5k
Адам Марушиќ беше стрелец на победничкиот гол за Лацио во 87-та минута од мечот.
По овој триумф, Лацио се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 34 бода.