Машала, каков мајстор за обложување – За 20 денари нанижа 25 пара, фантастичниот бонус од 200 отсто на Sport Life му донесе добивка од 2 милиони денари

Фантастичен тикет со минимална уплата од 20 денари и неверојатна добивка од 2 милиони денари е исплатен во Sport Life, a мајсторот за обложување погодил цела низа од 25 натпревари.

БОНУСОТ НА SPORT LIFE Е ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЛЕТОТО, НА МАЈСТОРОТ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ МУ ДОНЕСЕ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ДОБИВКАТА

Тикетот што е уплатен во Кочани има феноменална добивка и благодарение на акцијата на Sport Life „Лето на 500%“, со која бонусот е 200 проценти за одиграни од 21 до 25 натпревари, или во пари 1.351.734 денари, или околу 22 илјади евра.

Вкупната добивка во бруто-износ е 33.600 евра, или една од најголемите исплатени за добитен тикет во Sport Life.

Комбинацијата е едноставна и сите 25 натпревари се одиграни со конечен тип, грото на победа на домашните екипи. Манчестер јунајтед и Челзи ја најавија добитната комбинација од 25 натпревари со убедливи победи на премиерата во Премиер лигата, а како и секогаш, за добивка треба и доза среќа.

Обложувачот што оствари фантастичен ќар од 2 милиони денари најмногу стравуваше за исходот на мечот од Втората данска лига меѓу Хелсингор и Вендсисел, на кој гостите водеа со 1:0 по првиот дел, но единицата што е типувана на тикетот „дојде“ со три гола за домаќините во второто полувреме.

На тикетот има погодени и неколку натпревари што завршија со минимални победи на типуваните екипи, но посебно драматични мечеви немаше за среќниот обложувач што уплати само 20 денари и доби огромна добивка од околу 33.600 евра во бруто износ.

Интересно е што сите 25 погодени коефициенти е се под два, а огромниот бонус во Sport Life ја зачини феноменалната добивка од 2 милиони денари.

СЕДМИЦА ВО ИЛИНДЕН ЗА 100 ДЕНАРИ ДОНЕСЕ ЌАР ОД 326.000 ДЕНАРИ

Викендот беше совршен за обложувачите, а голема добивка има и во скопската населба Илинден, со релативно скромна уплата од 100 денари.

На тикетот со добивка од 326 илјади погодени се 7 пара со различни одиграни комбинации. Белгискиот гигант Бриж во последен момент во првото полувреме го постигна толку очекуваниот погодок за добивка, а стрелец беше Ланг во 42-рата минута.

Потоа фаворитот ја наполни мрежата на Зулте Варегем и победи со 4:0 на гости, таман за погоден тип 2-2&3-4 гола. Има неколку мајсторски погодени натпревари со граници на голови од 3-4, а во таа рамка се движеа исходите и на дуелите меѓу Сараево и Радник, Фамаликао против Порто и меѓу Севилја и Рајо Валјекано, комбинирина со погодени типови полувреме-крај.

Тие четири меча се со големи коефициенти, меѓу 4.00 до 5,35, што донесе одлична добивка на тикетот уплатен во обложувачкото место на Sport Life во Илинден.

ПОГОДИ ДВЕ ГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА И СИ ПОДИГНА ДОБИВКА ОД 248 ИЛЈАДИ

Двете неочекувани победи на Тотенхем против шампионот на Англија, Манчестер сити, и на Мајнц со вицепрвакот на Германија, Лајпциг, мајсторски ги погоди обложувач со добитен тикет уплатен во скопската населба Ченто и со влог од 50 денари си подигна добивка од Sport Life во вредност од 248.771 денари во бруто-износ.

Погодени се и три победи на домашни екипи и голеадите во Њукасл и во Барселона, двете типувани со ГГ&3+ за нето-ќар од над 211 илјади денари, или околу 3.500 евра.

Посебно вредни се победите на Тотенхем без главната ѕвезда Хари Кејн против Манчестер сити од 1:0 со кофициент од 5.15, иста е квотата за ГГ прво полувреме на мечот меѓу Серкл Бриж и Андерлехт, а убедливо највисок е коефициентот за триумфот на десеткуваниот Мајнц против Лајпциг со 1:0, што изнесува 7.75 во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести