Маскерано повеќе го сака Ливерпул отколку Барселона

Поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Маскерано призна дека повеќе го сака Ливерпул отколку Барселона. Борбениот фудбалер кој играше како деструктивец во средниот ред и како централен дефанзивец мина три години (од 2007 до 2010) на „Енфилд” и на 94 меча за Црвените даде еден гол. Потоа премина во Барса, таму остана дури осум години и одигра 203 натпревари, во кои исто така даде само еден гол. Но, иако со Ливерпул не освои трофеј, тој клуб му е поблизок отколку каталонскиот.

„Имам многу љубов кон Барселона, најдобрите години од својата кариера ги минав таму, но би го избрал Ливерпул. Имам специјален однос кон тој клуб. Да, во моментов тие се најдобриот тим на светот”, рече Маскерано за Си-ен-ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести