Маскирани навивачи на Аталанта во паб нападнале фанови на Манчестер

Еден англиски навивач на Манчестер јунајтед и една 24-годишна девојка која работела како келнерка во ирски паб во Бергамо се повредени откако група од 20-тина маскирани хулигани, фанови на Аталанта, ги нападнале гостите во пабот. Келнерката имала посекотина на лицето, откако низ пабот за време на инцидентот летале парчиња стакло од шишиња, додека навивачот на Јунајтед имал повреда на рамото.

Полицијата работи на откривање на напаѓачите, и се прегледуваат снимки од камерите во објектот.

- Оглас -

Најнови вести