7.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Маскирани разбојници провалиле во домот на Рахим Стерлинг, а тој и семејството биле дома

Домот на ѕвездата на Челзи, Рахим Стерлинг, во областа Беркшир минатиот викенд бил цел на маскирани разбојници, и тоа додека фудбалерот и неговото семејство биле дома. Ова е втор ваков непријатен инцидент во последните три години што му се случува на англискиот репрезентативец и на неговите најблиски.

Маскирани лица се обиделе да влезат во куќата на Стерлинг во саботата околу 18:30 часот.

Бидејќи оваа сезона не е во плановите на тренерот на Челзи, Стерлинг не беше во составот за натпреварот против Вулверхемптон и останал дома со својата долгогодишна партнерка и нивните три деца. Фудбалерот има и четврто дете од претходна врска. Освен информацијата за обидот за провала, други детали не се објавени, а Стерлинг побара почитување на неговата приватност.

Ова не е првпат Стерлинг да биде жртва на криминалци. Кон крајот на 2022 година, за време на Светското првенство, провалници влегле во неговиот тогашен дом во Сари, поради што тој итно го напушти англискиот камп во Катар за да биде со семејството.

По инцидентот, се огласи и портпаролот на Стерлинг.

„Можеме да потврдиме дека Рахим Стерлинг викендов беше жртва на кражба во својот дом. Исто така можеме да потврдиме дека тој и неговите деца биле присутни дома во тоа време. Иако ова претставува сериозно нарушување на приватноста и безбедноста, благодарни сме што можеме да потврдиме дека тој и неговите најблиски се безбедни.

Ве молиме да се почитува приватноста на Рахим и на неговото семејство во овие тешки мигови“, се вели во соопштението.

Полицијата потврди дека во тек е детална истрага и повика можни сведоци да се јават.

- Оглас -

Најнови вести