Легендата на германскиот и светскиот фудбал, Лотар Матеус, верува дека Баерн Минхен направил голем чекор напред под водство на новиот тренер Венсан Компани и дека во моментов е втор најсилен тим во Европа зад Ливерпул.
Ливерпул има извонредна сезона под водство на новиот менаџер Арне Слот. Во моментов е на врвот во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. Баерн е на врвот во Бундеслигата и се бори за директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Гледајќи ги проблемите на некои големи клубови во Бундеслигата и Европа, Баерн во моментов е чекор веднаш зад Ливерпул“, напиша Матеус во својата колумна.