Матип посака да се врати во репрезентацијата на Камерун, претседателот Ето му ја затвори вратата

Џоел Матип, искусниот стопер на Ливерпул, изрази желба по повеќе од пет години пауза да заигра за репрезентацијата на Камерун, односно да се стави на располагање за претстојното Светско првенство, на кое Камерун ќе игра во групата Г против Бразил, Србија и Швајцарија.

Сепак, претседателот на фудбалската федерација, Самуел Ето, му ја затвори вратата.

„Ова е национален тим, не толерираме играчи кои сметаат дека се специјални и поголеми од репрезентацијата“, изјави првиот човек на камерунската федерација.

Матип во јануари 2017 година одби да игра за Камерун на африканскиот Куп на нации, а набрзо потоа објави крај на интернационалната кариера поради несогласување со стручниот штаб. Иако се надеваше дека ќе се појави на Мундијалот во Катар, Матип ќе го проследи планетарниот фудбалски собир преку малите екрани.

- Оглас -

Најнови вести