8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Матурин и Мареј го упропастија роденденот на Јокиќ, неславен рекорд на Кингс (Видео)

Лос Анџелес клиперс го победи Денвер нагетс со 115-114 во најинтересниот натпревар во НБА-лигата во првата вечер по олстар-паузата.

Никола Јокиќ, кој наполни 31 година, со 22 поени и 17 скока не можеше да го спречи поразот на својот тим затоа што неговиот соиграч Џамал Мареј утна слободно фрлање во последата секунда, а ако погодеше, ќе имаше продолжение од пет минути. Изненадувањето за Денвер беше резервата Бенедикт Матурин, кој на својот прв меч за Клиперс во Лос Анџелес даде дури 38 поени. Матурин даде придонес и во финишот кога му кажа нешто на Мареј пред слободните фрлања на крајот и очигледно успеа да го деконцентрира.

Детроит славеше во Њујорк со 126-111 и потврди дека е број 1 на Истокот, а Кејд Канингем уфрли 42 поени, а имаше и 13 асистенции. Од 2009 наваму не беше видено во „Медисон сквер гарден“ некој гостин да има над 40 поени и 10 асистенции.

Сакраменто кингс нема победа уште од 16 јануари, загубија и од Орландо со убедливи 94-131, што беше 15-ти пораз едноподруго, најцрна серија во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести