Килијан Мбапе како слободен фудбалер пристигна од ПСЖ во Реал Мадрид. „Кралскиот“ клуб не им плати ништо на „светците“, но му плати на фудбалерот дури 100 милиони евра. Французинот ќе ја има и најголемата плата во Реал Мадрид, 31.2 милиони евра.
Сепак, тоа не е најголемата плата во Ла Лига, бидејќи двајца фудбалери на Барселона заработуваат повеќе, иако клубот од Каталонија е во голема финансиска криза. Најплатениот фудбалер во Ла Лига е Френки де Јонг со плата од 37.5 милиони евра годишно, додека Роберт Левандовски заработува по 33.5 милиони евра годишно.
На четвртото и петтото место се Винисиус и Јан Облак со по 28.8 милиони евра годишно, а словенечкиот голман е единствениот фудбалер кој не е од Реал Мадрид или Барселона, а се наоѓа во топ-10 најплатени фудбалери во Ла Лига.
До десеттото место следуваат: Алаба (22.5), Белингам (18.7), Гундоган (16.6), Валверде (15) и Куртоа (14.5).