Мбапе е незадржлив, сам го победи Ремс и го искачи ПСЖ на врвот од Лига 1 (Видео)

Екипата на ПСЖ е нов лидер на француското првенство, откако го совлада Ремс со 0-3 на гостински терен. Светците сега имаат 27 бодови и се осамени на врвот.

Херој на ПСЖ беше Килијан Мбапе кој ги постигна сите три голови и е убедливо најдобар стрелец во француската Лига 1 со 13 голови после 12 првенствени кола.

Францускиот репрезентативец серија голови ја започна уште во третата минута, а двапати прецизно стрелаше во вториот дел, односно во 59-тата и 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести