Мбапе го надмина рекордот на Меси, а пред Роналдо е дури четири години

Килијан Мбапе беше најзаслужен за победата на ПСЖ на гости кај Јувентус со 2:1 откако го постигна првиот гол, а за вториот асистираше. Францускиот репрезентативец веќе стигна до 40 погодоци во Лигата на шампионите и сега тој е најмладиот фудбалер кој ја достигнал оваа бројка во ова натпреварување.

Мбапе има 23 години и 317 дена, надминувајќи го рекордот на Лионел Меси, кој до 40 погодоци во ЛШ стигна на 24 години и 130 дена. Интересно е дека Кристијано Роналдо, кој е рекордер по бројот на погодоци во Лигата на шампионите, до бројката од 40 голови стигна дури на 27 години и 241 ден.

Ако се гледа дека Роналдо дури четири години „подоцна“ од Мбапе стигнал до 40 гола, јасно е дека Французинот има голема шанса да стигне до врвот на листата на стрелци во елитното натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести