7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Мбапе го пропушта дуелот со Реал Сосиедад?

Реал Мадрид можеби ќе биде без својот најголем адут на саботниот натпревар против Реал Сосиедад. Килијан Мбапе повторно не тренираше со тимот и наместо тоа одработи индивидуална сесија во сала за фитнес, што ја зголемува неизвесноста околу неговиот настап.

Французинот и натаму чувствува непријатност во левото колено, проблем што го мачи уште од крајот на минатата година. Според шпанскиот весник „АС“, конечната одлука ќе биде донесена во пресрет на мечот, а не е исклучено стручниот штаб да реши да не ризикува и да му овозможи дополнителен одмор.

И покрај повредата, Мбапе е во извонреден ритам. По Суперкупот одигра шест натпревари и постигна девет голови, ако се изземе неуспехот во Купот на кралот против Албасете. Од почетокот на сезоната пропушти само четири средби, што доволно говори за неговата важност во тимот.

Во меѓувреме, Раул Асенсио денеска отсуствуваше од тренинг поради грип, но во клубот очекуваат брзо закрепнување и негово враќање во строј уште утре, со што би му бил на располагање на тренерот Алваро Арбелоа за саботниот предизвик.

- Оглас -

Најнови вести