Мбапе и Халанд не се избрани ни меѓу петте најдобри!

На церемонијата за Златна топка доделени се наградите за најдобар напаѓач и за најдобар голман и тука немаше изненадувања.

Наградата „Лав Јашин“ замина во рацете на Тибо Куртоа од Реал Мадрид, додека наградата „Герд Милер“ ја доби Роберт Левандовски, кој беше прв стрелец во Европа.

Познато е дека во топ 5 за фудбалер на годината ги нема Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои се спомнуваат како наследници на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Халанд е десетти, а Мбапе шести според бројот на гласови. Деветтото место е за Лука Модриќ, осмото за Винисиус, седмото за Куртоа, а петти е Мохамед Салах. Ова значи дека Златна топка ќе бидат Бензема, Мане, Левандовски или Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести