Пари Сен Жермен има 2-0 по првото полувреме на дуелот со Рен, иако во редовите на францускиот првак фалат десетина играчи, меѓу кои и напаѓачите Мбапе, Икарди и Нејмар. Сепак, нивното отсуство е надоместено од Мојзе Кен и Анхел Ди Марија.
Италијанецот Кен има пет гола на последните четири меча, а Ди Марија враќањето во националниот тим на Аргентина го прослави со асистенција и мајсторски гол. Ова е голот на Ди Марија:
https://www.youtube.com/watch?v=EcCZz96OwT0