Кој ќе биде Златна копачка на Европа ќе биде одлучено следниот викенд. Во моментов во водство е Виктор Ѓекереш со 39 гола, но и само 58.5 поени, бидејќи головите во португалското првенство се вреднуваат со коефициент 1.5.
Килијан Мбапе со голот против Севиља дојде до 29 погодоци, што помножено со коефициентот два за шпанската лига, значи дека има 58 бода, или само половина помалку од Ѓекереш. Првенството на Португалија веќе заврши, а Мбапе и со само еден гол ќе го мине шведскиот напаѓач на табелата. Шанса за тоа ќе има во недела на домашниот меч против Реал Сосиедад.
Шанси за Златната копачка има и Мохамед Салах, а тој со Ливерпул има за играње уште два меча. Репрезентативецот на Египет има 28 гола или 56 поени, па веќе утре може да избие на првото место или сериозно да им се доближи на Ѓекереш и Мбапе.
Ливерпул до крајот на Премиер лигата треба да одигра натпревари против Брајтон на гости и против Кристал палас на домашен терен.