ПСЖ со убедливи 4-1 лесно го доби дербито против Монако во презакажаниот меч од 15-тото коло во Лига 1. Двете екипи се сретнаа во Париз пред само три дена, а Светците овојпат се оддолжија за одземените два бода при конечните 3-3.
Килијан Мбапе беше пречекан со свирежи на „Луј Втори“, но француската ѕвезда одговори со водечкиот погодок за 1-0 во 24-тата минута. На листата стрелци се запиша и Нејмар, тој погоди од белата точка во судиското надополнување пред паузата.
Сарабија ги реши сите дилеми на дваесетина минути пред крајот, а Монако успеа да постигне почесен гол преку Бакајоко во 87-та минута. Кога се чинеше дека е готово, Мбапе уште еднаш ја затресе мрежата на својот поранешен тим конечни 4-1 во првата минута од судиското надополнување.
По 20 кола, ПСЖ стои на врвот на табелата со 49 бода, осум повеќе од Марсеј, додека Монако по ова коло застана на деветтото место со 29 бода.
https://twitter.com/ElevenSports_PT/status/1217545994906349569