Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, вечерва нема да биде во дресот на францускиот првак за дуелот против Нант во домашното првенство.Тренерот на „светците“, Томас Тухел, реши да го исфрли Мбапе од екипата, а причина за тоа се коментарите на напаѓачот по бламажата на ПСЖ и поразот од Лил со 5-1.
„Игравме како почетници. Можевме да загубиме, тоа се случува, но не на ваков начин. Мораме брзо да го коригираме ова. Сега ни следува меч против Нант и не смее ова да ни се повтори. Мораме да победиме“, рече Мбапе по поразот од Лил.
За најтешкиот пораз во последните 19 години, во ПСЖ го обвинија судијата Бено Бастен, кој исклучи еден играч на гостите, а поништи и два погодоци на Мбапе. Интересно е што тоа е истиот судија кој ја делеше правдата на мечот ПСЖ – Генгам, кога фаворитот загуби и беше елиминран од Лига купот на Франција.
„Тој истиот судија ни го одзеде Лига купот“, коментираше нервозниот Мбапе, кој сега ќе одмори и нема да игра против Нант.