2.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Мбапе испиша историја, стана најмладиот фудбалер кој постигнал 400 голови

Франција со 4:0 ја победи Украина во меч на кој главен кај Галските петли беше Килијан Мбапе. Капитенот постигна два гола во триумфот по кој Франција и официјално го обезбеди местото на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Мбапе вечерва испиша историја со тоа што стана најмладиот фудбалер кој стигнал до 400 голови во кариерата. На Мбапе тоа му успеа со само 26 години, 10 месеци и 14 денови.

Од овие 400 погодоци Мбапе најмногу пати погодувал во дресот на Пари Сен Жермен и тоа 256 голови. Има 62 погодоци за Реал Мадрид, 55 погодоци во дресот на француската репрезентација и 27 погодоци во дресот на Монако.

Ако Мбапе продолжи во ова темпо, нема да биде чудно ако Мбапе ја надмине бројката и од 1.000 погодоци во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести