8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Мбапе ќе паузира до крајот на март?

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ќе го пропушти вечерашниот реванш на Реал Мадрид против Бенфика во плејофот од Лигата на шампионите, потврдија од клубот. Напаѓачот сѐ уште се соочува со проблеми со левото колено, кои го принудија да го пропушти претходниот период, а лекарскиот и тренерскиот тим донесоа одлука да не ризикуваат и да го остават надвор од тимот.

Според информациите на „Марка“, отсуството на Мбапе би можело да потрае и во текот на март. Тој многу веројатно нема да биде достапен и за евентуалните дуели од осминафиналето на ЛШ доколку Кралевите вечерва успеат да се пласираат во следната рунда.

Французинот, исто така, не е целосно задоволен од пристапот на стручниот штаб на Кралевите кон лекувањето на долгогодишниот проблем со коленото. Тој не сака да ризикува и да ја влоши состојбата пред Светското првенство 2026.

- Оглас -

Најнови вести