24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Мбапе му го даде најубавиот божиќен подарок на детенцето кое втрча на терен (Видео)

Пари Сен Жермен убедливо со 4:1 славеше против Амиен, а Килјан Мбапе беше прв играч на мечот со два гола. И покрај двата погодока, ѕвездата на ПСЖ, потегот на мечот го направи пред самиот финиш.

Веќе беше јасно дека ПСЖ ќе слави убедливо кога на теренот втрча мало дете со дедомразовска капа. Детето успеа да стигне до Мбапе, а потоа фудбалерот не му дозволи на редарот да го избрка непоканетиот гостин.

Мбапе го прегрна детенцето и додека заедно го напуштаа теренот, малиот среќник од јакната ја извади книгата „Ultimater Football Heroes“, која се однесува на Мбапе и му се потпиша. Детето ја исполни мисијата, доби потпис од својот херој.

 

- Оглас -

Најнови вести