25.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Мбапе му се извинил на Флорентино Перес, откако беше „уловен“ во офсајд против Барселона

Реал Мадрид доживеа вистински дебакл на првото Ел Класико оваа сезона во Ла Лига и загуби со 0-4 од Барселона на домашен терен. Еден од клучните моменти беа офсајдите во кои беа уловени фудбалерите на „кралскиот“ клуб, а тоа се случи дури 12-пати. Најмногу од офсајдите беа на Килијан Мбапе, на кого му беше поништен и погодок во 30-тата минута, токму поради недозволена позиција.

„Жал ми е. Ме совлада желбата да постигнам погодок.“ – биле зборовите на францускиот репрезентативец упати кон претседателот на клубот, Флорентино Перес, после натпреварот.

„Кралскиот“ клуб во моментов е на втората позиција на табелата во Ла Лига со заостанување од шест бода позади најголемиот ривал, Барселона.

- Оглас -

Најнови вести