ПСЖ одигра само 1-1 на гостувањето кај Лил во седмото коло од француското фудбалско првенство. Парижаните беа блиску до победа, но Етан Мбапе израмни во 85-тата минута само по четири минути откако влезе на теренот.
Постариот брат на Етан, Килијан, кој е поранешна мегаѕвезда на ПСЖ, беше присутен на трибините. По голот, камерите ја забележаа радоста на постариот брат, а Етан прослави во стилот на „бате“.