Мбапе: Не можам да го замислам Светското првенство без Нејмар

Напаѓачот на Реал Мадрид, Французинот Килијан Мбапе, го коментираше неповикот на Нејмар во бразилската репрезентација за претстојните пријателски натпревари против Франција (вечерва) и Хрватска (1-ви април).

Нејмар е НејмарСветското првенство е турнир за глобални ѕвезди, и тој ќе биде таму. Не можам да замислам СП без Нејмар, но нема да му се спротивставам на Анчелоти. Сигурен сум дека Неј ќе биде подготвен, го познавам, научив многу од него!“, рече Мбапе за бразилски медиум.

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, повторно говорепе на таа тема, по силната реакција на јавноста на изоставувањето на Нејмар од мартовските натпревари.

„Тоа е нормално, секој во фудбалот може да има свое мислење. Во фудбалот нема јасна наука. Секој има свое мислење. Морам да го почитувам мислењето на сите“, рече Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести