Мбапе не верува во ПСЖ

Во Франција немаат конкуренција, но во Европа тешко им оди и затоа Килијан Мбапе изјави дека неговиот клуб Пари Сен Жермен уште не е сериозен кандидат за титулата во Лигата на шампионите, иако се движи во правилна насока.

Од 2011 година наваму, катарските сопственици на ПСЖ потрошија многу пари за засилувања, но резултат има само во домашната лига. Во ЛШ, во последните две сезони, „светците“ испаднаа уште во осминафиналето, додуша од гигантите Барселона, односно Реал Мадрид. Сезонава, ПСЖ е во најтешката група и моментно е трет, зад Ливерпул и Наполи.

„Клубот постојано напредува откако дојдоа катарските сопственици, а крајна цел е освојување на Лигата на шампионите. Ако секој си ја игра својата улога, скала по скала, ќе се искачиме до врвот. Со потенцијалот што го имаме, тоа ќе биде реалност во иднина“, рече Мбапе, кој со клубот е од 2017, кога дојде и Нејмар.

„На почетокот имавме јазични бариери, не знаевме англиски, тој не знаеше француски, сега е добро“, додава Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести