Французинот Килијан Мбапе не е задоволен од медицинските услуги кои ги добива од лекарскиот тим на Реал Мадрид и заминал во родната Франција за да побара дополнителни мислења околу повредата на неговото колено, објави мадридската „Марка“.
Мбапе уште од декември се мачи со болки во коленото, пропушти некои важни натпревари и сака да биде прегледан од специјалисти за колена за да знае на што е. Се спомнува дури и операција како можна солуција за трајно решавање на проблемот, а тоа нема да им се допадне ниту на неговиот клуб, ниту на репрезентацијата, која во јуни ја чека почеток на Светско првенство.
Тој не е задоволен што три месеца не се најде ефикасно решение за повредата која предизвика и пад на неговата форма. Целта на Мбапе и Реал Мадрид е сега да одмора и да биде на 100% за дуелите со Манчестер сити во Лигата на шампионите.

