Мбапе прв играч во историјата на ПСЖ што постигнал пет гола на еден меч

Пари Сен Жермен немаше милост против Пајс де Касел во дуел од Купот на Франција и на крајот победи со 7:0. Уште пред мечот се знаеше дека Светците лесно ќе победат затоа што Пајс де Касел е екипа која игра во шестата лига, а таму игра и водачот на навивачката група на ПСЖ.

Иако беше јасно дека ПСЖ ќе победи без разлика со која екипа ќе излезе на терен, францускиот првак во стартниот тим излезе со Килијан Мбапе, Нејмар, Рамос… Од сите, најрасположен за игра беше Мбапе, кој постигна дури пет гола. Шоуто на Мбапе почна во 29-тата минута, а потоа погодуваше и во 34-тата, 40-тата, 56-тата и 79-тата минута. По еден гол дадоа Нејмар и Солер.

Мбапе е првиот фудбалер во историјата на ПСЖ што успеал на еден меч да постигне пет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести