Со двата гола на Килијан Мбапе и пеналот на Икадри, ПСЖ триумфираше на гостувањето кај Мец со 3-1 и моментално е лидер во Лига 1 со 72 бода, два повеќе од Лил кој утре го чека тешко гостување кај Лион.
Младата ѕвезда на Светците стигна до 25 првенствени погодоци со кои потврди дека и оваа сезона ќе биде најдобар стрелец во француското првенство, бидејќи има седум гола повеќе од вториот најдобар голгетер Мемфис Депај.
Уште во четвртата минута Мбапе го отвори резултатот откако го искористи одличното проигрување од Ерера преку целата одбрана на Мец. Домаќините израмнија веднаш на стартот од второто полувреме преку Сентозе, но Мбапе повторно беше прецизен во 59-тата минута за ново водство на Парижаните. Икарди во 90-тата минута од пенал го постави конечниот резултат.
ПСЖ во среда го пречекува Манчестер сити во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, а избраниците на Покетино со оваа победа покажаа дека се подготвени за надигрување против Граѓаните.