Сагата околу тоа каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи својата кариера, е веќе завршена. Француската суперѕвезда останува во редовите на ПСЖ и во наредните три сезони, а според првичните процени тој ќе заработи над 600 милиони евра за тој период.
Мбапе денеска се огласи на социјалната мрежа Твитер, каде што на својот профил напиша чудна објава, дека во финалето од Лигата на шампионите ќе биде најголемиот навивач на Реал Мадрид.
Во дел од пораката стои „Исто така сакам најискрено да му се заблагодарам на Реал Мадрид и нивниот претседател Флорентино Перез. Ја препознавам среќата и привилегијата која ја имам што бев желба на толку голема институција. Не се сомневам дека се многу разочарани. Ќе бидам прв навивач на Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампините во мојот дом, Париз“ вели Мбапе.
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 22, 2022