Мбапе веднаш даде гол и освои трофеј, во Реал тоа е рутина (Видео)

Реал Мадрид додаде уште еден европски трофеј во богатата колекција откако вечерва во Варшава ја совлада Аталанта со 2-0 во Суперкупот на Европа. Од оваа сезона го има и Килијан Мбапе во тимот, кој веднаш покажа дека е засилување од екстра класа, успеа да постигне гол на дебито и веднаш освои трофеј. А, во Реал тоа ќе му стане и рутина.

Еден час Аталанта одлично се држеше, немаше големи шанси и на двете страни, иако во првиот дел сепак беше погодена гредата и на двата гола.

Во 59-тата минута, по една одлична акција на Белингам и Винисиус, резултатот го отвори Федерико Валверде. Му беше „сервирана“ топка на петерецот, а тој не можеше да згреши затоа што беше осамен, а пред него речиси празна мрежа.

Во 68-мата минута и Килијан Мбапе ја затресе мрежата на Аталанта. Погоди на своето деби и покажа дека ќе биде огромно засилување за составот на Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести