Кил го пречекува Хановер во меч од втората германска лига, популарната Цвајте. За домаќините победата е многу повредна затоа што Кил се бори за позиција која носи промоција во Бундеслигата, додека гостите се сигурни дека нема да испаднат, но и немаат многу шанси да напредуваат на табелата во последните три кола.
Со победа и три бода, Кил ќе се искачи на посакуваното второ место. Тоа е тимот кој ја има најдобрата одбрана и досега прими само 27 погодоци во 30 средби. За разлика од домаќинте, Хановер е екипа на која головите се како заштитен знак. Во 31 меч досега дале 50 гола, а примиле дури 47, што значи дека просекот им е да има повеќе од три погодоци на средба, и тоа најчесто е ГГ3+.
Тоа го покажуваат и последните 10 средби на Хановер во Цвајте бидејќи сите завршиле гол-гол, а дури на девет било ГГ3+. И на последните четири меѓусебни дуели на Кил и Хановер секогаш имало барем по три гола, а само еднаш не било ГГ3+.
Оваа традиција, моменталната форма и тактика на двата тима едноставно ветуваат дека ова е мечот кој треба да биде „пенал“ за погодено ГГ3+ комбинација, која во Sport Life има коефициент од 1.85.