Неверојатна сцена се случи во шестата минута од вечерашниот натпревар од руската Премиер лига помеѓу Ахмат Грозни и Сочи. Голманот на гостите, Георги Шелија, пријави кај главниот судија дека во близина на голот има ни помалку, ни повеќе, туку – змија!
Средбата беше прекината и работниците на стадионот влегоа на теренот со орудија со кои успешно и внимателно го изнесоа натрапникот надвор од фудбалскиот терен. Мечот продолжи само една минута по прекинот. Сочи победи со 2-1, но змијата беше главна вест.
https://twitter.com/i/status/1422247968187486209