Дамите од Арсенал со радост се сеќаваат на титулата во ФА купот освоена во 1998 година, со победа од 3:2 против Кројден, а мечот е незаборавен, најмногу поради големите грешки по кои беа постигнати сите голови, но и по смешните потези што им претходеа.
Дури ниту коментаторот Енди Греј во друштво на Ричард Кијз не можеше на моменти да се воздржи за да не се насмее, но сепак џентлментски се трудеше да не ги навреди фудбалерките на двата состави.
Бродхрст донесе радост за Кројдон во 10. минута со гол од пенал, потоа Арсенал со погодоците на Спејси и на Јенки направи пресврт и поведе со 2:1, а Пауел израмни на 2:2.
Сепак за да има решение во регуларниот дел на мечот се погрижи Фју со победнички гол во 93. минута.
Погледнете ги головите на незаборавното и многу забавно финале во ФА купот од 1998 година.