Фотографијата објавена на Инстаграм, на која се гледа како Лука Модриќ храни мечка која јаде од раката на хрватскиот фудбалер, собра повеќе од 500.000 допаѓања на социјалната мрежа.
Капитенот на Хрватска и член на Реал Мадрид, а најдобар играч на светот за 2018 година, со сопругата Вања, синот Иван и ќерките Ема и Софија, реши да отпатува во потоплите краишта, поточно во Дубаи, а сликата со мечката ги стопи срцата на многу негови пријатели и фанови.
Освен фотографијата со мечката, Модриќ објави уште неколку со диви животни како лавче, лемури, па очигледно дека бил воодушевен и радоста ја сподели со своите пријатели.