32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Мечот на Вардар против Ла Фиорита може да се гледа преку два канали

Вардар вечерва од 21 часот гостува во Сан марино кај Ла Фиорита. Тоа ќе биде мечот кој последен ќе почне од сите денешни 23 пресметки во првото коло од Конференциската лига на УЕФА. Нема голем интерес за овој меч, што е и јасно ако се знае дека домашниот тим на Ла Фиорита речиси и да нема шанси да оди во следното коло, бидејќи Вардар во Сан марино допатува со залиха од три гола предност.

Македонскиот тим е фаворит и вечерва. Домаќините најавија дека дуелот кој ќе се игра на „Сан Марино стадион“ ќе може во живо на ТВ да се проследи на два начина.

Директен пренос од средбата ќе дава Сан Марино РТВ, и тоа за локалното население и за подрачјето на Италија. Постои опција за следење на мечот и преку Титани ТВ. Тоа е официјална платформа на Фудбалската федерација на Сан Марино, но за да се гледа преку оваа платформа, потребно е да се плати.

- Оглас -

Најнови вести