Меџик ѝ испрати писмо на мајката на Дражен по одморот во Хрватска (фото)

Петкратниот НБА-шампион и еден од најдобрите кошаркари во историјата Ирвин Меџик Џонсон летото го помина на хрватската ривиера и пријатно ги шокираше Хрватите кога својата мултимилионска јахта ја паркира во Сплит. Неодамна се врати во САД, но мораше писмено да истакне колку е воодушевен од Хрватска.

Меџик напиша писмо кое ѝ го испрати на Бисерка Петровиќ, мајката на трагично загинатиот кошаркарски бисер на Хрватска, Дражен.

„Преубаво си поминав за време на моето патување во Хрватска. Храната е одлична, луѓето се мили, а целата земја е прекрасна и чиста. Хрватска е домот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ“, пишува во писмото со потпис на Меџик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести