Хјустон рокитс се намачи со тимот на Њујорк никс во победата од 114:110. „Ракетите“ ја остварија 27-мата победа во која Џејмс Харден буквално ескплодира во кулната „Медисон Сквер гарден“ израмнувајќи личен рекорд од 61 поен. Брадата забележа и 15 асистенции за двоен учинок, а за него ова е веќе 21-ви натпревар во низа на којшто постигнал барем 30 поени.
Хјустон во текот на мечот форсираше шутеви од далечина, цел тим имаше вкупно 44 обиди од линијата за три поени, а речиси половина од нив ги шутна Харден, реализирајќи пет тројки. Харден воедно е последниот играч по Коби Брајант кој успеал да постигне 61 поен во „домот“ на Никси.
Кај Њујорк, како најефикасен се истакна Триер со 31 поен и 10 скока.
Филаделфија ја запиша 32-рата овосезонска победа со триумфот над Сан Антонио спарс со конечни 122:120. Во крајно неизвесниот наптревар победникот се одлучуваше во последните секунди, а домаќините стигнаа до позитивен резултат, иако на две и пол минути до крајот Сан Антонио имаше предност од осум поени.
Ембид и Симонс ја инспирираа Филаделфија до нова победа, доминантниот центар заврши со дабл-дабл учинок од 33 поени и 19 скока, додека Симонс забележа трипл-дабл учинок од 21 поен, 15 асистенции и 10 скока. Од редовите на Спарс, најрасположен беше Дерозен со 26 поени и девет скока.
Резултати НБА:
Њујорк никс – Хјустон рокитс 110:114
Филаделфија севентисиксерс – Сан Антонио спарс 122:120
Индијана пејсерс – Торонто репторс 110:106
Бостон селтикс – Кливленд кавалирс 123:103
Бруклин нетс – Орландо меџик 114:110
Мајами хит – ЛА клиперс 99:111
Чикаго булс – Атланта хокс 101:121
Мемфис гризлис – Шарлот хорнетс 107:118
Њу Орлеанс пеликанс – Детроит пистонс 94:98
Јута џез – Денвере нагетс 114:108