Медведев e претпоследната пречка за Ѓоковиќ до одбраната на Синсинати

Новак Ѓоковиќ ноќеска лесно го совлада Лукас Пуил со 2-0 во сетови (7-6, 6-1) и се пласираше во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Таму го чека Данил Медведев, кој ќе му биде претпоследна пречка на првиот светски рекет во обидот да го одбрани пехарот на американскиот турнир.

Иако Ѓоковиќ имаше потешкотии во првиот сет против Пуил, Србинот беше неприкосновен во тајбрејкот со 7-2, а потоа со два брејка и за 37 минути го доби и вториот сет за конечни 2-0.

Претходно Медведев со идентични 2-0 славеше над сонародникот Андреј Рублев и за првпат во својата кариера ќе игра полуфинале во Синсинати.

- Оглас -

Најнови вести