Медведев го скрши отпорот на Бублик

Данил Медведев триумфираше во првото коло на олимпискиот тениски турнир откако го надигра Александер Бублик по два сета со 6-4, 7-6.

Вториот светски рекет на добар начин стартуваше во Токио и сега го чека подобриот од дуелот меѓу Нагал од Индија и Истомин од Узбекистан.

Медведев отвори со брејк што му овозможи двојна предност во гемови за да го освои првиот сет со 6-4. Доста поинтересен беше дуелот во вториот сет, кога Бублик го засили темпото и возврати со украден сервис и водство од 3-0, но Медведев со вториот брејк на мечот и по израмнувањето на 3-3 во гемови, двајцата тенисери изборија тајбрејк.

Во него, Медведев ја искористи дури третата меч топка иако водеше со 4-0, па 6-5, а наеднаш Бублик дојде во шанса да изнуди трет сет, меѓутоа Русинот освои три од наредните пет поени за прв триумф во Токио.

Во 08:30 часот својот настап на ОИ ќе го започне првиот фаворит за злато, Новак Ѓоковиќ, кој ќе се соочи со Хуго Делиен од Боливија.

- Оглас -

Најнови вести