38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Медведев ја стави главата во замрзнувач за време на натпреварот во Синсинати

Рускиот тенисер Данил Медведев направи необичен потег за време на натпреварот против Австралиецот Адам Волтон во второто коло од Мастерс турнирот во Синсинати.

За време на решавачкиот трет сет, Медведев ја стави главата во замрзнувачот на теренот за да се олади. Но, ни тоа не му помогна, популарниот Медо загуби од Волтон со резултат 7-6, 4-6, 1-6 и прерано беше елиминиран.

Медведев се обидуваше и на друг начини да се лади, со влажни крпи преку главата, проба и со глава во замрзнувач, но Волтон, кој беше поотпорен на жештината, направи подвиг и првпат во кариерата совлада тенисер кој е во топ 50 на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести